Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Пандо (Пано) Сидов

Роден е во 1878 година, во с. Жупаништа, Костурско. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ВМОРО. Повеќе години бил раководител и организатор на револуционерната борба во Костурско и војвода во реонот Корешта.

Зел активно учество во Илинденското востание, каде учествува во 33 борби и со својата чета успеал прв да влезе во костурското гратче Клисура. Во битката учествуваат и П.Кљашев, В.Чакаларов, М.Розов и М.Иванов. По Востанието учествувал во многу судири против турскиот аскер и грчките андарти.

Во 1910 година емигрира во Торонто, Канада и е еден од организаторите на Македонската патриотска организација. Во Првата балканска војна е доброволец во бугарската армија. По војните се населува во Крџали, Бугарија. Од 1927 до 1931 година е пратеник во Народното собрание.

Умира во 1933 година во Крџали, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik